Samsung Galaxy Z Flip 4: Компактен во цената и големината, моќен одвнатре

Објавено на 10.08.2022 во Преклопни уреди



Samsung Galaxy Z Flip 4: Компактен во цената и големината, моќен одвнатре

Samsung официјално го претстави и својот Z Flip 4 на Unpacked настанот, со што овој телефон се отвара и преклопува вертикално во споредба со поголемиот и помоќниот модел Z Flip 4. Новиот Samsung Galaxy Z Flip 4 пристигнува со 6.7-инчен Dynamic AMOLED 2X дисплеј со резолуција од 2640 x 1080 пиксели, 425 ppi густина на пиксели, 120Hz стапка на освежување и Gorilla Glass Victus+ заштита на стаклото.

Надворешниот Super AMOLED дисплеј е со големина од 1.9-инчи и резолуција од 512 x 260 пиксели. Софтверот е Android 12 и One UI кориснички интерфејс, а под хауба го има најновиот и најмоќниот Qualcomm Snapdragon 8+ Gen 1 процесор, 8GB RAM меморија, и опција за внатрешна меморија од 128GB, 256GB, и 512GB. 

Задната камера е со 12MP широкоаголен сензор со отвор на бленда од f/1.8 и OIS за стабилизација на сликата + 12MP ултра широк сензор со отвор на бленда од f/2.2. Предната камера изнесува 10MP со отвор на бленда од f/2.4. Сензорот за отпечатоци на прсти е странично поставен во телефонот, имате технологија за препознавање на лице со цел полесно отклучување. 

Samsung Galaxy Z Flip 4 има одличен дизајн, со оклопна алуминиумска рамка, IPx8 водоотпорност, батерија со капацитет од 3,700mAh, 25W полнење со кабел и 15W безжично полнење. Имате 5G технологија, Bluetooth 5.2, NFC и USB Type-C влез за полнење. Димензиите на телефонот кога е затворен изнесуваат 84.9 x 71.9 x 17.1мм и 165.2 x 71.9 x 6.9мм кога е отворен, а тежи само 187 грами. Z Flip 4 ќе биде достапен за нарачка од денес, 10 август, со цена од 1100 евра за моделот со 128GB или 1160 евра за моделот со 256GB.