Директорот на Телеграм го обвинува Apple за блокирање на иновациите во нивната апликација

Објавено на 13.08.2022 во Новости



Директорот на Телеграм го обвинува Apple за блокирање на иновациите во нивната апликација

Павел Дуров најави ,,револуција во начинот на кој луѓето се изразуваат преку пораки" , но Apple моментално ја задржува таа револуција.

Telegram е една од најполуларните апликации за комуникација која обезбедува повисоко ниво на приватност од некои од неговите конкуренти. Оваа компанија сега подготвува надградба која, според нивниот извршен директор Павел Дуров, треба да се донесе револуција во начинот на кој луѓето се изразуваат преку пораки.

Но, нивната револуција се чека веќе некое време, а причината е - Apple. Имено, како што објасни Дуров во објава на Telegram, надградбата на Telegram е заглавена во процесот на верификација на Apple веќе две недели пред да биде објавена на App Store. Причината за тоа, вели Дуров, никому не му е позната.

Тој ја искористи таа ситуација за да ги критикува Apple, но и Google  во однос на нивната политика да земаат провизија за купување апликации и за купување во апликации. Тој напиша дека доколку тимот од Apple пристапи на таков начин според Telegram , за кој вели дека е меѓу 10-те најпопуларни апликации на глобално ниво, можеме само да замислиме каков третман им даваат на помалите и непознати компании и програмери.

Никој не може да ја поништи штетата што Apple ја направи на технолошката индустрија со ваквото однесување, продолжи Дуров со критиките кон компанијата на Кук, но смета дека се уште постои надеж дека нешто може да се промени во иднина: Регулаторните тела во ЕУ и другите земји полека почнуваат да ги истражуваат овие практики на насилниците.

Слична ситуација во која Apple блокираше надградба на апликацијата на Telegram  беше снимена пред неколку години, откако руските регулаторни органи побараа од американската компанија да го отстрани Telegram од продавницата за апликации. Откако Telegram се пожали на тоа, Apple веднаш реагираше и ја овозможи надградбата.

Новинарите од The Verge испратија прашања до Apple и Telegram во врска со жалбата на Дуро, но двете компании (се уште) не одговориле на нив или не ја коментирале ситуацијата.





Прочитајте повеќе: