Disney се придружува кон големиот бран поскапувања

Објавено на 14.08.2022 во Новости



Disney се придружува кон големиот бран поскапувања

Цените на сите производи се качуваат до плафон, поради руско-украинската војна. Изгледа дека трговците прават корекции на цените на секои 2-3 месеци и разликата меѓу цената оваа година во споредба со истиот период лани е исклучително голема. 

Во големиот бран се придружил и Disney, кој за своите сервиси во САД, најавил зголемување на цените. Моментално цената за претплата на Disney+ изнесува 7,99 долари, а од 8 декември, ќе се зголеми за речиси 40%. Корисниците за месечна претплата ќе плаќаат 10,99 долари.