Тинејџерите масовно го напуштаат Facebook, најпосетен е YouTube

Објавено на 15.08.2022 во Новости



Тинејџерите масовно го напуштаат Facebook, најпосетен е YouTube

Додека пред 7 години 71% од тинејџерите во САД користеа Facebook, денес тој број е намален на само 32%. Познато е дека Facebook има големи проблеми со тинејџерите, кои своите активности ги префрлија на TikTok, Snapchat и Instagram.

Неодамнешното истражување покажува дека само 32% од младите на старост од 13 до 17 години, користат Facebook. Додека Facebook го заобиколуваат, YouTube е најпопуларната платформа кај младите. 95% од испитаниците го користат овој видео сервис, додека 19% од нив го користат YouTube речиси константно. Втората најпопуларна платформа е TikTok со 67% искористеност, а на трето место е Instagram со 62% од младите.