Huawei ќе ја открие Mate 50 серијата на 7 септември

Објавено на 15.08.2022 во Новости



Huawei ќе ја открие Mate 50 серијата на 7 септември

Се уште не е ништо официјално, но се зборува дека Huawei Mate 50 ќе биде откриен на 7 септември. Последниот модел од Mate серијата на Huawei беше Mate 40 серијата. Се очекува да излезат четири нови модели: Huawei Mate 50e, Mate 50, Mate 50 Pro, и Mate 50 RS

Mate 50 RS ќе биде со најмоќниот процесор на Huawei - Kirin 9000S. Huawei нема доволно чипови од својот Kirin 9000S да ги покрие сите четири модели, поради блокадата од САД. Mate 50 серијата се очекува да пристигне со Harmony оперативен систем, 3.0 верзија. Наместо Leica леќи за камерата, отсега ќе се користат леќите на XMAGE. Задната камера на Mate 50 ќе биде брендирана од XMAGE. Huawei ќе развива свој бренд за слики и оптичка технологија под името XMAGE.