Претседателот на Nintendo има добри вести за сите фанови на нивната конзола Switch

Објавено на 16.08.2022 во Игри



Претседателот на Nintendo има добри вести за сите фанови на нивната конзола Switch

Nintendo досега има продадено над 100 милиони Switch конзоли и за нив е важно да се одреди високата продажба.

Откако Мета неодамна ја зголеми цената на своите Meta Quest 2VR слушалки за 100 долари поради зголемените трошоци за производство и испорака, некои аналитичари се прашуваа дали ова е само почеток на покачувањето на цената  на потрошувачката електроника.

Имено, како што изјави за јапонските медиуми претседателот на Nindendo, Шунтаро Фуракава, компанијата не планира да ја проспособи цената на својата конзола на зголемените трошоци за производство и транспорт. Тој рече дека цените секогаш ги гледаат преку вредноста на забавата што ја нудат, а таа забава сакаат да ја пружат на што повеќе луѓе.

Nintendo досега има продадено повеќе од 100 милиони Switch конзоли и за нив е важно да ја задржат в исоката продажба бидејќи нивните производи вклучуваат и софтвер.

И без зголемување на цената, продажбата на Switch во последниот квартал падна за речиси четвртина во однос на истиот квартал претходната година, а главниот проблем е недостиг на чипови и други делови. Во Nintendo сметаат дека ситуацијата ќе се реши наскоро, но тоа автоматски не значи дека значително ќе се зголеми продажбата на нивната конзола и велат дека во моментот е тешко да се прогнозира како ќе се движи состојбата на пазарот во иднина.

Автор: Aleksandar Stankov