Samsung Galaxy S23 Ultra доаѓа со најновиот процесор Snapdragon 8 Gen 2+

Објавено на 22.08.2022 во Android



Samsung Galaxy S23 Ultra доаѓа со најновиот процесор Snapdragon 8 Gen 2+

Има уште половина година додека Galaxy S23 Ultra да дебитира, а спецификациите веќе се објавуваат на интернет. Според @IceUniverse, Galaxy S23 Ultra ќе биде надграден во споредба со претходниот модел. S23 Ultra ќе биде со батерија од 5000mAh и истиот 6.8-инчен екран со резолуција од 3088x1440 пиксели.

S23 Ultra нема да биде многу поинаков од физички аспект, но под хауба ќе биде со се уште необјавениот процесор Snapdragon 8 Gen 2+.