Samsung Galaxy A04s ќе биде следниот ценовно прифатлив модел
Објавено на 23.08.2022 во Новости
Samsung ќе го претстави новиот ценовно прифатлив смартфон за Европа - Galaxy A04s. Samsung вградил Exynos 850 процесор, масивен 6.5-инчен PLS LCD дисплеј со HD+ резолуција и 90Hz.
Под хауба има 3GB RAM меморија и 32GB внатрешна меморија, која може да се зголеми и до 1TB со microSD картичка. Главниот сензор на камерата ќе биде 50-мегапиксели, со две камери од по 2MP. Предната камера ќе биде 5-мегапиксели, батеријата ќе биде 5,000 mAh и Android 12 оперативен систем.
Samsung Galaxy A04s доаѓа во црна, зелена и бела боја, додека цената ќе биде околу 170 евра.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.