Io-Interactive пушта бесплатни делови од Hitman

Објавено на 21.06.2017 во Новости



Io-Interactive пушта бесплатни делови од Hitman

Познатото гејминг студио Io-Interactive ги израдува фановите со пуштање на првиот дел од новата видео игра Hitman бесплатно за гејмерите. Овој гест овозможува бесплатно да одиграте две мисии од главната приказна, како и повеќе пропратни предизвици. Доколку се одлучите за купување по играњето, сите постигнувања ви остануваат.

Покрај ова, целата прва сезона ќе биде на 60% попуст во период од една недела, доколку се одлучите на преостанатите авантури на Агентот 47. Ова доаѓа откако девелоперот Io-Interactive стана независна компанија одвојувајќи се од Square Enix и со тоа успеа да ги задржи правата за Hitman франшизата.

Автор: Ljupco Aleksovski




 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus
 


{}