Firefox Focus: Нов мобилен прелистувач ќе ги блокира рекламите

Објавено на 22.06.2017 во Новости



Firefox Focus: Нов мобилен прелистувач ќе ги блокира рекламите

Mozilla Firefox објави нов интернет прелистувач за Android. Новиот Focus прелистувач се фокусира на безбедноста на корисникот, кој содржи и софтвер за блокирање на реклами. Откако WikiLeaks откри на кој начин NSA ги шпионира луѓето, потребата од безбедност на корисниците на интернет е поголема.

„Нашите корисници активно се обидуваат да ги заштитат личните податоци и да зачуваат некој мегабајт податоци за пренос“, изјавила Барбара Бермс, менаџер на производи во Firefox Mobile.

Firefox Focus ги блокира рекламите кога ќе се инсталира, овозможувајќи беспрекорно искуство за корисниците. Брз, интуитивен и добар естетски дизајн на интерфејсот, допадлив за сечие око. Firefox Focus за iOS бесплатно може да го преземете овде, а за Android на овој линк.





 
Најнови телефони
 
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle
  • Moto Z
  • 3T
  • NOVA
 


{}