Закажано лансирањето на Apple iPhone 14, официјално со дата

Објавено на 25.08.2022 во iOs



Закажано лансирањето на Apple iPhone 14, официјално со дата

Моментот што сите го чекаме е тука, на врата. Apple фановите ќе може да се израдуваат на 7 септември, iPhone 14 семејството официјално излегува и ќе има настан со пренос во живо на својот веб сајт или преку Apple TV апликацијата.

На овој настан официјално излегуваат новите смартфони, смартчасовникот и поевтината SE серија на смартфон:

    iPhone 14
    iPhone 14 Max
    iPhone 14 Pro
    iPhone 14 Pro Max
    Apple Watch Series 8
    Apple Watch Pro
    Apple Watch SE 2