Snapdragon 8 Gen 2 кај Galaxy S23 ќе се фокусира на потрошувачката на батеријата
Објавено на 25.08.2022 во Android
За Qualcomm приоритет ќе биде ефикасноста и потрошувачката на батеријата, за својот нов Snapdragon 8 процесор, што ќе го вгради во Samsung Galaxy S23 серијата. Snapdragon 8 Gen 1 е моментално вграден во Samsung Galaxy S22 серијата и неговата Snapdragon 8+ Gen 1 надградба, кои се многу моќни процесори, но исто така ја трошат батеријата.
Snapdragon 8 Gen 2 сега ќе се произведува со втората генерација на 4nm процес на производство. Snapdragon 8 Gen 2 чипсетот ќе има едно побрзо јадро Cortex-X3, кое обезбедува за 25% подобри перформанси во споредба со X1 вграден во Snapdragon 8 Gen 1 моделите.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.