После сателитскиот интернет, SpaceX ќе нуди и сателитска мобилна мрежа
Објавено на 26.08.2022 во Новости
Starlink системот на сателити на SpaceX веќе ја докажа својата успешност со брзиот сателитски интернет низ цел свет. Руралните и планинските области се најсреќни за оваа вест, затоа што ниту еден провајдер не сакаше да пушти кабел на таквите места.
Илон Маск се здружи со T-Mobile и планира да понуди мобилна телефонија преку сателитите на Starlink. Ова ќе биде вистински благослов за местата каде што нема сигнал за мобилна телефонија, особено за итни ситуации.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.