Видео: Firefox Focus кој ја штити приватноста лансиран за Android

Објавено на 22.06.2017 во Android



Видео: Firefox Focus кој ја штити приватноста лансиран за Android

Firefox Focus апликацијата доби и соодветна Android мобилна верзија со која корисниците ќе може постојано да сурфаат во приватен режим без потреба сами да ја активираат оваа опција. Firefox Focus е насочен кон целосна заштита на приватноста па така не ја чува историјата на отворање на веб страни, нема означување и не може да отварате табови.

Исто така во Firefox Focus е вградена опција за блокирање на досадни реклами како и лажни реклами во кои се крие штетен софтвер. Со Firefox Focus може да добиете увид во тоа кои веб сајтови имаат интернет или тракери за социјални мрежи и истите да ги исклучите.

Firefox Focus за Android е доста ефикасен интернет прелистувач, но не е за секого поради скратени функции.

Автор: Ljupco Aleksovski




 
Најнови телефони
 
  • Mate 10 Pro
  • G6
  • 3310 (2017) 3G
  • 8
  • 7
  • 6
  • 5
  • 3
  • 2
  • 105 (2017)
 


{}