Google видео ви демонстрира како да добиете подолга батерија за вашиот Pixel

Објавено на 27.08.2022 во Новости



Google видео ви демонстрира како да добиете подолга батерија за вашиот Pixel

Pixel корисниците се надеваат дека со Android 13 надградбата ќе се подобри долготрајноста на батеријата. Ако батеријата е сепак кратка и со надграбдата со Android 13, Google може да ви даде неколку сугестии со своето официјално видео одоздола:

Првата опција е Adaptive Battery, која може да се најде во Settings > Adaptive preferences. Adaptive Battery функцијата треба да биде вклучена во On. Со оваа вклучена опција, вашиот Pixel учи како ги користите вашите апликации и оние што ретко ги употребувате. Adaptive Battery функцијата е вклучена фабрички. За повеќе опции гледајте го видеото детално.