Sony објави видео тизер за нов компактен телефон - Xperia 5 IV
Објавено на 29.08.2022 во Новости
На YouTube е објавено видео за нов Sony Xperia компактен смартфон, кој ќе биде откриен на 1 септември. Sony објави видео со насловот „Новиот Xperia...доаѓа“ и додал „Возбудливи новости од Sony".
За време на видеото Sony исто така истакнал: „Бидете креативни. Бидете компактни“. Тоа кажува според аналитичарите, дека Sony планира да го открие Xperia 5 IV, со 6.04-инчи според FCC сертификатот, Snapdragon 8+ Gen 1 процесор, 3.5мм џек за слушалки и безжично полнење.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.