Sony става фокус кон проширување на пазарот на мобилни игри

Објавено на 31.08.2022 во Игри



Sony става фокус кон проширување на пазарот на мобилни игри

Sony пред неколку месеци најави дека го зголемува производството на PlayStation 5 и во следниот период ќе се префрли кон „радикално проширување“ на своето портфолио за мобилни уреди и лични компјутери. Еден од чекорите во таа насока го направија со преземање на гејмерското студио за развој на мобилни игри Savage Game Studios.

Деталите околу аквизицијата не се познати, а од Sony не сакале да објават колку ќе ги чини овој потег и ширењето на пазарот на мобилни игри. Инаку, Savage Game Studios е основано пред две години отприлика и моментално работат на акциски игри за мобилни уреди. Играта сега ќе продолжат да ја развиваат внатре во новиот мобилен оддел на PlayStation Studios.