LG го претстави првиот флексибилен 42-инчен телевизор во светот

Објавено на 01.09.2022 во Новости



LG го претстави првиот флексибилен 42-инчен телевизор во светот

Неделава во Берлин се одржува саемот за потрошувачка електроника IFA, каде што се претставуваат многу нови и интересни уреди. LG го претстави телевизорот OLED Flex LX3. Се работи за првиот телевизор во светот со флексибилен 42-инчен екран, кој што им овозможува на корисниците сами да го одберат аголот на закривеност, со цел да го прилагодат екранот кон своите потреби и моменталната активност.

Прилагодувањето е со цел да одговара на вашите потреби, во зависност од тоа дали гледате филм или играте игри. Тоа го овозможува само-осветлувачката OLED технологија на LG, без позадинско осветлвуање, кој може да се пофали со прецизни бои, ниско влезно доцнење и брзо време од само 0,1 ms.