WannaCry ја затвори цела фабрика на Honda во Јапонија

Објавено на 24.06.2017 во Новости



WannaCry ја затвори цела фабрика на Honda во Јапонија

WannaCry ranosmware минатиот месец зарази милиони компјутери во цел свет, кој напаѓа и цели компании. Во медиумите веќе не се зборува толку за WannaCry, но вирусот е се уште активен и создава проблеми. Пред неколку дена Honda привремено го стопираше производството во фабриката Sayama, откако беше откриено дека WannaCry заразил компјутерска мрежа во Јапонија, Северна Америка, Кина и други земји.

Малверот влијаел само во фабриката Sayama, во која се произведуваат моделите Accord, Odyssey и StepWagon. Поради сајбер нападот е стопирано производството на неколку илјади возила. После привременото стопирање, пред 3 дена фабриката продолжи да работи нормално. После нападот од Honda соопштија дека се преземени дополнителни чекори за да се зголеми безбедноста на компјутерскиот систем и заштита од идни напади. 





 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus
 


{}