Huawei nova 10 Pro наскоро го пушта сидрото во Европа

Објавено на 02.09.2022 во Новости



Huawei nova 10 Pro наскоро го пушта сидрото во Европа

Huawei nova 10 Pro е подобрата верзија на nova 10, имаат слични димензии, само што овој првиот е со поголема дебелина за нијанса. Екранот е со иста големина и 120Hz фреквенција. Под хауба го имаат истиот Qualcomm Snapdragon 778 процесор и Adreno 642 GPU. Меморијата им е идентична - 8GB RAM + 256GB ROM.

Huawei nova 10 Pro има поголема батерија со капацитет од 4500mAh, што значи дека има подолготрајна батерија и има побрзо полнење од неверојатни 100W. Навистина е “Pro”. Huawei nova 10 и Huawei nova 10 Pro наскоро ќе го фрлат сидрото и во Европа, првиот ќе биде со цена од 390 евра, а вториот 530 евра.