Претставен iPhone 14 со 4 модели

Објавено на 08.09.2022 во Новости



Претставен iPhone 14 со 4 модели

Apple ја претстави новата генерација на iPhone, која годинава доаѓа со четири модели. Најголем дел од новитетите се во очекуваниот опсег и ажурирањето на телефонот не носи драстични промени во дизајнот и хардверот.  И оваа година, директно од Купертино, компанијата претстави нови производи со кои меѓу нив секако се најочекуваните нови модели од серијата iPhone.

Phone 14 има ист дизајн како iPhone 13 со 6,1 инчен екран, додека iPhone 14 Plus се одликува со Super Retina XDR 6,7-инчен екран. Имаат керамички штит, алуминиумско куќиште, но и подобра батерија од претходната генерација.

iPhone 14 и iPhone 14 Plus го маат истиот A15 Bionic како и iPhone 13 серијата, со малку засилен графички процесор.

iPhone 14 Pro и 14 Pro Max добија динамичен отвор во облик на пилула што може да се користи за известувања и анимации, нов A16 Bionic чип и главна камера од 48 MP