iPhone за мајки
Објавено на 11.09.2022 во Новости
На прашањето од новинарите како Apple може да ја подобри комуникацијата меѓу корисниците на iPhone и Android, Cook рече: „Не слушам дека нашите корисници бараат од нас да вложиме многу енергија во тоа“. Кога репортерот одговорил дека не може да испрати одредени видеа на неговата мајка што користи Андроид, Cook се пошегувал „купи на мајка ајфон“.
Тоа сигурно ќе ја поттикне дебатата за заеднички формат на пораки за паметни телефони. Google долго време го промовираше RCS (Rich Communications Service) како начин да овозможи подобра интероперабилност помеѓу корисниците на iOS и Android. Компанијата дури и го критикуваше Apple за тоа минатиот месец.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.