Видео: Експлодирале моторите на ракетата на Безос

Објавено на 13.09.2022 во Новости



Видео: Експлодирале моторите на ракетата на Безос

Товарната капсула на компанијата на Безос „Блу Ориџин“, која требаше да ја достигне границата на земјината атмосфера, неочекувано се одвои од ракетата веднаш по полетувањето од Тексас, пренесоа агенциите.

Една минута по полетувањето, на околу осум километри над земјата, се виде дека моторите се запалиле и дека моторниот систем на капсулата бил активиран, што го оттурнало леталото од ракетата пред да се врати на земја неоштетено со падобран.

„Блу Ориџин“ на Твитер објави дека го разгледуваат проблемот што се случил во нивниот објект во Западен Тексас, велејќи дека системот за одвојување на капсулите „функционирал онака како што се очекувало“.