Microsoft за нападот: Ажурирајте ги сите верзии од Windows XP до Windows 10

Објавено на 28.06.2017 во Новости



Microsoft за нападот: Ажурирајте ги сите верзии од Windows XP до Windows 10

Информатичките напади од светски размери земаат поголем замав, при што во вторникот се појави дупка во Windows, поради која Microsoft веќе објави закрпа. Експертите за безбедност проценуваат дека Украина била првата мета на напад на хакери.

Microsoft анализира дека „уценувачкиот софтвер користи неколку методи за да се прошири, па и оној кој е обработен со сигурносна актуализација веќе објавена за сите системи, од Windows XP до Windows 10, под името MS17 - 010", вели портпаролот на Windows.

WannaCry се појави во мај, и уште тогаш Microsoft ги повика сите корисници да ја инсталираат закрпата MS17 - 010. Компанијата на Бил Гејтс и понатаму истражува за да обезбеди дополнителни мерки со цел да ги заштити корисниците.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle
  • Moto Z
  • 3T
  • NOVA
 


{}