Акционерите од Twitter едногласно го потврдија договорот за купување од Илон Маск

Објавено на 15.09.2022 во Новости



Акционерите од Twitter едногласно го потврдија договорот за купување од Илон Маск

Акционерите на американскиот џин Twitter, едногласно го усвоија договорот за купување на компанијата, кој што го склопија со Илон Маск на почетокот на 2022 година.

Врз основа на прелиминарните таблици на гласови од акционерите, околу 98,6% од нив, во вторникот на состанок го одобрија предлогот за усвојување на договорот со кој што сакаат законски да го примораат сопственикот на Tesla и SpaceX за почеток на аквизиција на компанијата, откако тој еднострано го раскина договорот во јули.

Маск во април прифати да го купи Twitter за 44 милијарди долари, додека неговата моментална вредност се проценува на 32 милијарди долари. Меѓутоа, Маск во јули се повлече од договорот, со образложување дека Twitter не ги исполнува неговите барања.