Судот ја потврди казната за Google поради доминација на пазарот

Објавено на 16.09.2022 во Android



Судот ја потврди казната за Google поради доминација на пазарот

Највисокиот европски суд одреди висока казна за Google во износ од 4,125 милијарди евра. Се образложува дека казната е како последица за непочитување на пазарната конкуренција на пазарот на смартфони, поради користење на мобилниот оперативен систем Android за уништување на конкуренцијата.

Google е разочаран од одлуката на судот: „Android создаде повеќе, а не помалку избор“, велат од компанијата.