Nike го претстави роботот што дава нов живот на старите патики

Објавено на 16.09.2022 во Новости



Nike го претстави роботот што дава нов живот на старите патики

Nike тестира робот за чистење и поправка при крпењето на патиките, кој што ќе дава нов живот и сјај на износените модели, од кои што сопствениците сакаат да се ослободат. Системот за поправка и чистење применува напредна роботика и технологија за чистење на база на вода, а ги крпи со рециклиран полиестер за испукани делови од патиките.

Прво се става патиката во машината што ќе изработи 3D модел, со цел да се пронајде местото што е потребно за чистење и крпење, а сопственикот на патиките ќе може сам да одбере каква закрпа сака да стави на своите патики.

Кога ќе заврши процесот, вработениот на Nike ќе додаде нови врвки и влошки, изработени од рециклиран материјал и патиките ќе бидат како нови. Целата постапка трае околу 45 минути, но ограничен е бројот на модели: Air Force 1, Air Jordan 1, Space Hippie 01 и Nike Dunks. Со текот на времето ќе расте и бројот на модели со кои што ќе може роботите да се поврзаат.