Tesla го одложува производството на батерии во Германија

Објавено на 19.09.2022 во Електричен погон



Tesla го одложува производството на батерии во Германија

Tesla одлучи да ги одложи плановите за производство на батерии во Германија, затоа што приоритет за производство му е матичната земја САД, поради потенцијални субвенции. Tesla во петокот ја објасни ситуацијата на германските партнери, каде што неодамна отворија нова гигафабрика за автомобили и автомобилски батерии.

Компанијата сака да го зголеми капацитетот на фабриката во Тексас, со цел да има корист од законот за спречување на инфлацијата, кој што го претстави претседателот Џо Бајден.