Petya е „новиот WannaCry“ вирус - Напаѓа Windows компјутери

Објавено на 29.06.2017 во Новости



Petya е „новиот WannaCry“ вирус - Напаѓа Windows компјутери

WannaCry пред еден месец зарази милиони Windows корисници, а сега имаме нов ransomware - Petya, кој функционира слично, т.е. има код што бил развиен од американските тајни служби. Новиот вирус извршува енкрипција на датотеките на хакираниот уред, па така корисникот губи пристап до своите податоци. 

На тој начин корисниците се уценуваат за да платат со цел да им се ослободат личните податоци. Претходно пишувавме дека Microsoft лансираше нова закрпа за Windows, што топло ви препорачуваме да ја инсталирате. Petya се уште не е до толку раширена на голем број на корисници, па затоа додека е се уште време, ажурирајте го оперативниот систем, без разлика дали имате пиратериски оперативен систем или лиценциран. 

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle
  • Moto Z
  • 3T
  • NOVA
 


{}