Вработените од цел свет сакаат да работат од дома, трендот што не запира

Објавено на 20.09.2022 во Новости



Вработените од цел свет сакаат да работат од дома, трендот што не запира

Според анкетата на германскиот Ifo институт за економски истражувања, вработените работеле од дома во просек по еден ипол ден неделно. Опфатени се 27 земји и работници од сите дејности. Моделот за работа од дома добил замав од времето кога излезе пандемијата пред две ипол години.

Работата од дома во САД просечно е по 1,6 дена, во Германија по 1,4 дена, во Франција 1,3 дена и во Јапонија 1,1 ден, наведуваат од Ifo. Никогаш пред ниту еден настан како што е пандемијата со коронавирусот, не направи таков пресврт во животот на работниците за толку кратко време, коментирал Матијас Долс, истражувач од Ifo.