Honor за кратко време го освои кинескиот пазар, се шири и во Европа

Објавено на 21.09.2022 во Новости



Honor за кратко време го освои кинескиот пазар, се шири и во Европа

Откако Honor се оддели од Huawei и кон крајот на 2020 година тргна по свој пат, кинеската компанија претстави бројни нови производи и создаде услови за две нови големи пресврти во своето работење. Нивниот фокус е освојување на кинескиот пазар и проширување на европскиот континент.

Според податоците од IDC, во јули оваа година стана првата компанија со 19,5% пазарен удел во вториот овогодишен квартал. Во текот на тие три месеци се испорачани 13,1 милион смартфони на тој пазар. За време на IFA саемот најавено е проширување на 20 клучни пазари во Европа, Блискиот исток, Африка, Азија, Пацификот и Латинска америка. 

Автор: Aleksandar Stankov