84% од сите блокчејн апликации доаѓаат од Кина

Објавено на 25.09.2022 во Крипто



84% од сите блокчејн апликации доаѓаат од Кина

Кина стана една од светските економски велесили, која е лидер во многу индустрии. Истото важи и за пазарот на блокчејн. Кинеските медиуми тврдат дека нивнит блокчејн апликации претставуваат 84% од вкупниот број на блокчејн апликации во светот.

Ванг Јанвеј од кинеското Министерство за индустрија и информациски технологии не открива детали за апликациите, но добро е тоа што се открива податокот, за тоа кој фактор е Кина. Ако се земат во предвид законите и забраната за криптовалути во Кина, што земјата во меѓувреме ги наметна. Ванг нагласува и дека не добиваат сите апликации одобрување за излез на пазарот, туку само околу 19% од нив.