Новото Volvo EX90 доаѓа со технологија што препознава пијан возач

Објавено на 27.09.2022 во Електричен погон



Новото Volvo EX90 доаѓа со технологија што препознава пијан возач

Volvo се ориентира кон електричната мобилност, а во меѓувреме се посветени кон иновации. Третиот електричен модел годинава - EX90, кој што допрва ќе биде претставен, ќе има најнапреден сензорски систем на пазарот.

Volvo EX90 ќе биде со осум камери, дури 16 ултразвучни сензори, пет радари и LiDAR поставен на кровот на возилото. Надворешните камери и сензори би требало да им помогнат на возачите во снаоѓањето во сообраќајот, избегнување на други автомобили, пешаци и други напредвидени ситуации, додека внатрешните камери и сензори се поставени со цел да го следат возачот и неговото однесување.

Ако системот на сензори и камери забележат дека возачот не е фокусиран на сообраќајот или дека е пијан, автомобилот му испраќа предупредување. Ако возачот не одговори на ова прашање, тоа ќе биде знак дека можеби не е нешто во ред, или дека е под влијание на алкохол. Во тој случај, автомобилот ќе забави и ќе запре на крајот на патот со сите вклучени четири светла.