Историски успех на НАСА, DART прецизно го удри астероидот

Објавено на 28.09.2022 во Вселена



Историски успех на НАСА, DART прецизно го удри астероидот

Вселенското летало на НАСА успешно удри во површината на оддалечениот астероид во вторникот, 1,5 час после полноќ по наше време. Така успешно заврши мисијата со тестот на двојното пренасочување на астероидот (DART).

Еден час пред ударот, астероидот Dimorphos не беше ниту видлив на сликите од леталото. Вселенското летало DART се движело со брзина од 22.400 километри на час, но деталите за приближување кон овој астероид може да се видат и на видеото, нерамната површина на поголемиот астероид Didimos, додека вселенското летало се приближувало кон помалиот Dimorphos.