Netflix најави отварање на свое студио за развој на видео игри

Објавено на 30.09.2022 во Игри



Netflix најави отварање на свое студио за развој на видео игри

Netflix има големи планови за пазарот на видео игри. Гигантот на пазарот за стриминг ги покажа своите намери со преземање на помалите гејмерски компании како што се Night School Studio и Boss Fight Entertainment. Неделава направија уште еден чекор кон тој пазар и најавија движење на сопствено студио за развој на видео игри. 

Потпретседателот на одделот во Netflix за видео игри, Амир Рахими, на блогот на компанијата најави „визија за развој на првокласно гејминг студио“. Со цел да се претвори визијата во реалност, го ангажирале Марко Ластик, еден од основачите на Zynga и познат директор во Electronic Arts.