Citroen Oli е автомобил делумно изработен од картон

Објавено на 02.10.2022 во Електричен погон



Citroen Oli е автомобил делумно изработен од картон

Citroen го претстави својот концепт на автомобил со радикален и одговорен пристап кон електричните автомобили. Компактното возило изгледа како мини џип, со тежина од 1 тон и опсег до 400 километри. Компанијата тврди дека автомобилот „е најдобар во својата класа“, со максимална брзина до 110 км/час.

Citroena нема намера да оди со сериско производство, затоа што неговата цел е да се претстави нивната визија за автомобил, произведен од одржливи материјали. Токму со одржливоста Citroen Oli привлекува големо внимание, затоа што има дел што е изработен од картон. Пораката што сака Citroen да ја испрати со овој автомобил е рециклирањето, прифатливата цена, атрактивноста и ефикасноста. 

Од картон се направени автомобилот и хаубата, кој што не е сепак лесен за виткање, туку е појачан со пластичен слој. Картонот е толку силен, што може и да застанете врз него, без да го оштетите. Неговото вертикално ветробранско стакло е направено такво со цел да се заштеди стакло и да се намали загревањето од сонцето и користењето на климатизацискиот уред.