Намалувањето на струјата во Европа привремено може да ги згасне и мобилните мрежи

Објавено на 03.10.2022 во Новости



Намалувањето на струјата во Европа привремено може да ги згасне и мобилните мрежи

Лицата од телекомуникацискиот сектор стравуваат дека зимата ќе бидат приморани да ја гасат мобилната мрежа поради рестрикции во струјата. Во многу европски земји моментално нема доволно резервни системи, кои што би се носеле со прекините со снабдување на струја, велат четворица директори од телекомуникациски компании. 

Се разбира, тоа би ја оневозможило употребата на мобилните телефони. Земјите од Европската унија, вклучувајќи ја Франција, Шведска и Германија, се обидуваат да обезбедат нормално функционирање на комуникациите, дури и ако недостатокот на струја ги испразни помошните батерии на илјадници мобилни предаватели. Европа има речиси половина милион предаватели, а повеќето од нив имаат резервни батерии што траат околу 30 минути.