Google Pixel 7 Pro: Објавено видео со дизајнот

Објавено на 03.10.2022 во Android



Google Pixel 7 Pro: Објавено видео со дизајнот

На 6 октомври, Google ќе ја претстави новата Pixel 7 серија, додека софтверската надградба е одложена поради проблеми со конекцијата. Она што мора да се поправи со новите модели, е проблемот со батеријата на Pixel 6 серијата. 

Google запчнува со преднарачки на новите модели веднаш од истиот ден. Pixel 7 Pro ќе биде достапен со 12GB RAM меморија и верзија со 128GB, 256GB, и 512GB меморија, со почетна цена од 900 долари. Ќе има 6.7-инчен дисплеј, истиот како од минатата година, втора генерација на Google Tensor чипсет под хаубата. Опциите за бои се: Obsidian, Snow, и Hazel. Погледнете го видеото со Google Pixel 7 Pro.

Автор: Aleksandar Stankov