Кинескиот гигант LeEco е пред пропаст, замрзнат имот и огромни долгови

Објавено на 05.07.2017 во Новости



Кинескиот гигант LeEco е пред пропаст, замрзнат имот и огромни долгови

Кинескиот супер технолошки бренд LeEco потврди дека му е замрзнат имотот во спорот со доверителите, поради тоа што не е платен долгот од 6 милијарди долари. Овие средства биле собрани од инвеститори минатата година, но засега плановите на LeEco за експанзија се целосно запрени, отпуштени се 80% од вработените во САД, продаден е имотот во Силиконската долина каде требаше да се гради американското седиште на компанијата, а забави и процесот на иновации.

Затоа судот во Шангај донел одлука да го замрзне имотот на директорот Џи Јуетинг во вредност од 182 милиони долари, неговата сопруга и уште три физички лица од компанијата LeEco.

Одлуката на судот е одговор на судската постапка која против компанијата ја покрена Кинеската трговска банка (China Merćants Bank) поради неплатени кредити на огранокот на L'Eko за паметни телефони, Левајв Мобајл (Leviev Mobile). 

Џи го основал LeEco во 2004 година под името LeTV, како компанија за нудење услуги за онлајн видео стриминг, а оттогаш го проширил бизнисот на разновидни индустрии-од самоупраувачки автомобили, музичка и филмска продукција, телекомуникација, до закуп на права на емитување на спортски настани, што довело до финансиска криза.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle
  • Moto Z
  • 3T
  • NOVA
 


{}