OnePlus го претстави ценовно прифатливиот смартчасовник Nord Watch

Објавено на 05.10.2022 во Смарт часовници



OnePlus го претстави ценовно прифатливиот смартчасовник Nord Watch

OnePlus го претстави OnePlus Nord Watch, новиот модел на смартчасовник, кој засега е достапен само на индискиот пазар за 60 долари во преднарачка, а подоцна ќе биде 85 долари со регуларна цена. Nord Watch куќиштето е изработено од легура на цинк и пластика, има OLED екран од 1,78 инчи, резолуција од 368x448 и фреквенција на освежување од 60Hz. 

Има моќна батерија што треба да се полни на секои 10 дена. Имате многу опции за следење на здравјето и активности за следење на отчукувања на срцето, заситеност на крвниот притисок, квалитет на спиење и менструален циклуц. Има IP68 сертификат за заштита од прашина и вода. Тоа што го нема е GPS