Приморан или не, Илон Маск сепак го купува Twitter

Објавено на 06.10.2022 во Новости



Приморан или не, Илон Маск сепак го купува Twitter

Илон Маск повторно сака да биде на чело на Twitter, социјалната мрежа што ја користат над 230 милиони луѓе низ светот. Предложената сума во април беше 44 милијарди долари, а од Twitter се спремни да ја завршат трансакцијата за таа цена. 

„Мислам дека Маск сфати дека ќе изгуби. Мислам, ова беше случај во кој што сите шанси, правно говорејќи, беа насочени против него“, изјави Ден Ајвс.

Twitter го тужи милијардерот поради прекршување на договорот за купување. Изгледа дека Илон Маск сфати дека мора да го купи Twitter, но се уште нема официјална изјава од него. 

Автор: Aleksandar Stankov