Google Pixel Watch пристигна со Samsung Exynos 9110 процесор

Објавено на 07.10.2022 во Смарт часовници



Google Pixel Watch пристигна со Samsung Exynos 9110 процесор

Конечно официјално е претставен Pixel Watch, смартчасовникот на Google. Долго време слушавме за него. Доаѓа со 41мм куќиште направено до нерѓосувачки челик, Samsung Exynos 9110 процесор, 2GB RAM и 32GB eMMC меморија со бројни опции како што се сензор за отчукување на срцето, заситеност на крвта со кислород, компас, акцелерометар и друго.

Сите купувачи добиваат 6 месеци претплата на FitBit Premium. Батеријата би требало да издржи до еден ден, а половина час полнење е доволно за да се наполни до 50% од капацитетот. Првите впечатоци се одлични и се вели дека Pixel Watch претставува алтернатива за Apple Watch, кои што корисниците на Android со години ги чекале. Цената изнесува 350 долари за моделот со поддршка за WiFi, односно 400 долари за моделот што поддржува 4G мобилни мрежи, а во продажба исто така ќе се појави на 13 ноември. 

Google Pixel Tablet во продажба излегува во текот на 2023 година и ќе биде со Tensor G2 чипсет, безжично ќе се полни и ќе се користи како смарт екран на Google Nest.