Судот со ултиматум за Маск, до 28 ноември да го реализира купувањето на Twitter

Објавено на 07.10.2022 во Новости



Судот со ултиматум за Маск, до 28 ноември да го реализира купувањето на Twitter

Американскиот суд во сојузната држава Делавер, нареди прекин на тужбата на Twitter против Илон Маск, со цел да му даде време на милијардеро Илон Маск да го финансира своето преземање на социјалната мрежа, во вредност од 44 милијарди долари, се наведува во судското соопштение.

Судијката Кејтлин МекКормик вели дека ќе ги контактира страните доколку договорот не се склучи до зададениот рок и ќе се закаже судење во ноември. Адвокатите на Илон Маск побараа пролонгирање на рокот за купување, затоа што е загрозена трансакцијата и се поигруваат со интересите на акционерите. 

Автор: Aleksandar Stankov