Европскиот шамар ќе го натера Apple да го промени Lighting приклучокот за iPhone

Објавено на 07.10.2022 во iOs



Европскиот шамар ќе го натера Apple да го промени Lighting приклучокот за iPhone

Конечно е донесена одлуката за стандардизација на полначите што стапува на сила во втората половина на 2024 година. Сите смартфони, таблети, преносни играчки конзоли, читачи за е-книги и други уреди, ќе имаат ист приклучок за полнење: USB-C.

За 99% од компаниите нема ова ништо да смени, но за Apple ќе има големо влијание. Сите iPhone модели што имаат Apple Lightning приклучок за полнење и поврзување, не сакаа да го прифатат трендот со USB-C приклучок, каков што имаат повеќето Android телефони. Европската Унија сега со новиот закон го приморува Apple да го исфрли својот Lightning приклучок од идните iPhone модели и да го замени со USB-C приклучок. Ова е дефинитивно европскиот шамар за Apple, кој што ќе го натера да направи коренити промени.