Amazon му напиша лоша оценка на роботот Scout за достава

Објавено на 08.10.2022 во Новости



Amazon му напиша лоша оценка на роботот Scout за достава

Amazon го изгради својот бизнис врз основа на продажба на производи преку интернет и брзата достава до купувачите. Вредноста на компанијата порасна над милијарда долари, а ако сака да продолжи со истото темпо и овозможи модерна и уште побрза услуга за корисниците, мора да ги следи сите трендови и да се спреми за иднината.

Prime Air услугата е најавена пред десет години, која подразбира достава преку беспилотни летала. Плановите за оваа услуга се големи, но не се реализираа и прашање е уште колку години ќе поминат пред да почнат со масовна воздушна достава на пакети на поголем број на локации. За таа цел започнаа да го прават автономниот робот Scout од 2019 година, кој има вградени сензори и камери, со цел сам да се движи на улиците и да доставува пакети до клиентите. 

Изгледа дека компанијата не е задоволна од резултатите на роботите, а тестирањето завршува со негативна оценка за Scout. За Bloomberg од Amazon велат дека некои аспекти на програмата не ги задоволуваат потребите на корисниците, па така го прекинале тестирањето. 





Прочитајте повеќе: