Samsung Galaxy S23, S23+ и S23 Ultra: Неколку детали и спецификации
Објавено на 09.10.2022 во Android
Во некој од следните месеци Samsung ќе ги претстави новите Galaxy S23, S23+, и S23 Ultra. Веќе знаеме многу детали за спецификациите на целото S23 семејство. Имаме дури и слики со Galaxy S23. Galaxy S23+ се очекува да биде со капацитет на батерија од 4,700mAh, што е мало зголемување во споредба со претходниот модел Galaxy S22+.
Ѕверот Snapdragon 8 Gen 2 ќе биде под хаубата на Galaxy S23 Ultra, додека батеријата ќе биде 5,000mAh. Galaxy S23 би можел да добие батерија од 3,900mAh и ултра-широка камера од 12MP, додека S23 Ultra добива неверојатен сензор од 200MP.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.