Вака изгледа Acer Iconia Tab A700 со четири јадра

Објавено на 31.12.2011 во Новости



Вака изгледа Acer Iconia Tab A700 со четири јадра

 

Пред само помалку две недели под почетокот на саемот CES (10-13 јануари), протекоа информации за новиот четири-јадрен таблет на Acer, Iconia Tab A700.
 
Значи се работи за 10,1 инчен екран, резолуција од 1920 x 1200 пиксели и четири-јадрен процесор на 1.3 GHz. Исто така, тука ќе бидат сите стандардни „црти“ како USB, microSD мемориска картичка, microUSB порт, камера од 5 мегапиксели и слично.
 
Со батерија од 9800 mAh, Acer ќе ветува 10 часа на видео приказ. Но, да го почекаме саемот и да видиме сè што има да ни соопшти Acer за ова чидо од технологија.