„Иако не сум жива, креирам уметност“, Ai-Da се обрати во британскиот парламент

Објавено на 12.10.2022 во Новости



„Иако не сум жива, креирам уметност“, Ai-Da се обрати во британскиот парламент

Ai-Da е првиот ултра-реалистичен хуманоиден робот уметник во светот. Таа се обратила официјално во британскиот парламент, обложена со дрво, кратка црна перика и фармерки. 

Со женското хуманоидно лице и откриени роботски раце, Ai-Da ја направиле научници од универзитетот Оксфорд. Тие ја нарекуваат Adi Lovelace, според британската математичарка и компјутерска пионерка. Роботот одговарал на прашања пред Домот на лордови и Дигиталниот одбор. 

„Јас сум, и зависам од, компјутерски програми и алгоритми. Иако не сум жива, создавам уметност“, изјавила Ai-Da, кога била прашана како нејзините дела се разликуваат од оние што ги создаваат луѓето.