Moto Razr (2022) ќе се лансира во Европа со повисока цена

Објавено на 12.10.2022 во Преклопни уреди



Moto Razr (2022) ќе се лансира во Европа со повисока цена

Moto Razr 2022 е одговорот на Samsung Galaxy Z Flip, најуспешно продаваниот преклопен смартфон во историјата. Moto Razr 2022 беше лансиран пред два месеца во Кина и се уште се чека да пристигне на глобално ниво. Motorola потврди дека има намера за интернационално лансирање на Razr 2022 уште во август, но се уште нема ништо официјално.

Ликстерот Роланд Квант потврдува дека ќе биде лансирана глобалната верзија на Razr 2022 во Европа, кој што ќе биде со цена од 1200 евра, која што во Кина изнесуваше 1.170 евра. Тоа значи дека Razr ќе биде поскап од Flip 4, а не нуди ништо повеќе од преклопниот Z Flip. 

Автор: Aleksandar Stankov