Netflix партнерите во подготовка за поддршка на реклами

Објавено на 13.10.2022 во Новости



Netflix партнерите во подготовка за поддршка на реклами

Netflix ги продолжува подготовките за лансирање на верзија со поддршка за реклами. BBC прв објави дека доминантниот гигант со стриминг услуги потпиша договор со ТВ рејтинг агенциите, кои што ќе ги пријават бројките за гледаност на Netflix до претплатниците на агенцијата, вклучувајќи ги и огласувачите.

Новите среќни партнери на Netflix е британската агенција BARB, која што располага со 300 претплатени канали за емитување. Почнувајќи од 2 ноември, BARB претплатниците ќе може да ги гледаат рејтинзите на шоуата и филмовите на Netflix. Се уште нема конкретна дата кога Netflix ќе ја лансира својата верзија со реклами, планот е за крајот на 2022 година. Се очекува Netflix претплатата со реклами да биде од $7 до $9 месечно. Што велите?